Во мај 66,7 отсто од потрошената струја од домашно производство

Македонија во мај годинава вкупно потрошила 549.074 мегават часови електрична енергија, 4.120 милиони нормални метри кубни природен гас, 442.930 тони јаглен и 85.513 тони нафтени продукти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, 66,7 отсто од потрошената електрична енергија е од домашни извори, а 92,7 отсто од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на струја.