Во Македонија нема мутација на коронавирусот како тој од Велика Британија

22

Минисерот за здравство Венко Филипче информира дека анализите од лабораторијата во МАНУ покажале дека во Македонија нема мутација на коронавирусот како тој од Велика Британија, Сепак тоj укажа дека мерките и препораките остануваат на сила иако иzминативе денови има намалување на бројот на заразени во државава.

– Мислам дека се уште треба да бидеме внимателни иако паѓа бројот на новозаразени, во последните неколку денови како да се оддржува едно плато. И сега сме во ситуација кога повторно почнуваат училиштата да функционираат, така да сите мерки ќе останат и понатаму. Идната недела ќе правиме анализа на сите бројки од изминатите недели и ќе носиме други одлуки за други одлуки за други препораки ако има простор. Дојдоа резултатите од анализите во лабораторијата во МАНУ кај што беше утврдено дека нема мутација на вирусот слично на таа во Велика Британија, Дека практично е истиот вирус кој беше присутен иминативе месеци, но тоа не треба да не олабави – изјави Филипче.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.