Во Македонија секој час умира по еден човек од Covid-19

По високата стапка на смртност во Македонија од 2,8 отсто која е највисока од земјите во регионот, последнава седмица во земјата умирал по еден човек на секој час.

Македонија сѐ ште има висока стапка на смртност, која за разлика од другите земји во Европа каде истата е линеарна, а во некои држави од европскиот континент истата се намалува според Извештајот на Светската здравствена организација, во земјава смртната стапка сѐ уште изнесува 2,8 процент на починати луѓе од вкупниот број заразени граѓани со новиот коронавирус.

Македонија е на загрижувачки трето место од 22 земји од европскиот континент според процентот на смртни случаи од бројот на заразени граѓани.

Во приказот заклучно со статистиката од вчера, може да се види дека Италија има најголем процент на смртност од 3,7 отсто, потоа е Шведска со 3,2, па потоа е Македонија со 2,8 проценти, сите останати држави се под 2,5 отсто смртност, а најмала стапка ја има Литванија со 0,8 отсто смртност од бројот на заболени од коронавирус.

Од 12-ти ноември заклучно со вчерашниот ден, за точно една седмица во земјава има вкупно 185 смртни случаи, што значи дека само во една недела во Македонија умирал по еден човек на секој саат време.

На прес-конференцијата во четвртокот по состанокот на Советот за безбедност, ниеден од лидерите на земјава, за жал, не можеше да се слушне дека не чувствуваат никаква одговороност по однос на тоа што се случува со бројот на енормо заразени, бројот на смртни случаи. Министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев изрично истакнаа дека не чувствуваат никаква одгвоорност за тоа што во Македонија во последнава недела умира по еден човек на секој еден час.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.