Во Македонија треба да се стави акцент на трансплантации, поевтини се и до пет пати од дијализа

116

Во посета на Македонија деновиве беше еминентниот професор Лионел Ростаинг. Во интервју за НетПрес, Ростаинг кој работи на Универзитетската болница Гренолб во Франција, и е истанкат нефролог, втор на европската листа на трансплантатори во Европа говори за тоа каква е ситуацијата во Македонија со органодарителството, како да се стигне до поголем број на трансплантации на бубрези, но и на трансплантации на други органи

*Трансплантацијата на бубрег има историја во Македонија, но имало и долги период на прекини. Што е потребно за успешна трансплантација?

Клучни точки се, прво, потребна добра имуносупресија, односно ослабување на нормална имунолошка реакција, и второ, добар орган. Зошто? Бидејќи кога имате трансплантација на бубрег тоа би требало да е доживотно. На пример, при трансплантацијата се зависи и од возраста, на пример ако е млада личност на 20 или 30 години и е на дијализа ви треба жив бубрег, а тоа што тоа е најдоброт што може да го имате.

*На лицата во Франција на кои им е дијагностициран престанок на работа на бубрег одат на дијализа, но целта е да има повеќе трансплантации. Зошто?

Националната програма за трансплантација во Франција се имплементира 40 години, и целта е помалку пациенти на дијализа. Дијализата е скапа работа. Целта е да има повеќе трансплантирани отколку на дијализа. Во моментот 60 проценти се на дијализа, а 40 се трансплантирани.

Во Франција дијализата годишно чини околу 80 илјади евра годишно за пациент, трансплантацијата 60 илјади евра, а потоа пост трасплантационата медицина или ако има компликации чини 20 илјади годишно. Значи имате 20 илјади евра спрема осумдесет илјади евра за дијализа годишно. Тоа е штедење, ама и квалитетот на животот е подобар.

*На листата на Светската здравствена организација од 2019 година за земји во кои има најмногу донирање на органи има и земји од регионот како Хрватска и Словенија. Што е потребно Македонија да се најде на таа листа?

Хрватска започна од ништо, ама во Хрватска е многу развиен систем на соработка и внатре во самата држава.

Во Словенија е далеку поразвиен овој процес. Едноставно се презема системот на Шпанија која е на врвот на листата, таму секоја болница го идентификува потенцијалниот донатор и се интензивира потоа соработка со останати болници, нешто што во некои земји воопшто не постои.

 

И во Македонија би можело да има два – три референтни центри кои ќе детектираат потенцијални донатори. Оттука ситуацијата ќе биде сосема поинаква.

Ако нема систем комплицирано е, се доаѓа во ситуација дури и органи да пропаѓаат. Затоа меѓудругото, треба да направите соработка во земји во регионот кои имаат искуство.

*Која е формулата, како да се зголеми свеста за органодарителство во Македонија?

Ви требаат реклами во националните телевизии, во весници… Граѓаните треба да знаат за ова. Во рекламите треба да се вклучат и пациенти кои ќе ги раскажат нивните приказни. Тоа е начин полесно да се допре до граѓаните, до потенцијалните органодарители.

Ние во Франција имаме и посебен ден кога имаме многу активности, и да напоменам тоа не е така само тој ден.

*Споменавте кампањи за јакнење на јавната свест, кој ги финансира во други земји, во Франција..?

Во многу земји како Франција, Шпанија кампањите ги плаќа државата…

*Кои се вашите сугестии, како Македонија да напредува на ова поле?

Прво е јакнење на јавната свест бидејќи ако јавноста не е свесна тешко дека нешто може да се направи. Второ, соработка со земји пред се од регионот кои имаат искуство. Трето, мора да има волја и потоа да преземат обврска политичарите да соработуваат и да ја промовираат трансплантацијата, органодарителството.

Четврто, Националната агенција или програмата за трансплатација кај вас треба да преземе повеќе обврски за промоција и да биде проактивна. Петто, да ги вклучат асоцијациите на пациенти бидејќи се многу важни и може да помогнат во јакнење на свеста преку сведочења за своите примери.

Шесто, секоја поголема болница да има свој оддел, екипа и да се знае дека секогаш кога има потенцијални донори треба да се размени информација, а потенцијални органодарители има секогаш. Седмо, да се вклучат сите во промоцијата на органодарителството и трансплантацијата, а тоа тука исто така го нема или е невидливо.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.