Во Македонија умираат деца, а Таравари се чешла!

Министерсвото за здравство, под водство на новата власт, како никогаш досега не делува похаотично, а резултатот од нивната дезориентираност и некапацитетност се шест мртви деца за само една недела и купишта обвинувања за работата на претходното раководство.

Безидејноста, секојдневно само ја поткрепува новата „стручност“ во македонското здравство, кое откако заврши со успешното дијагностицирање на болестите, се префрли на туѓ терен – делење бесплатни совети за како тоа граѓаните да препознаат лажни вести на медиумите?!

Треба ли некој да им каже дека својот ум треба да го насочат кон лекување на луѓето и стопирање на растечката стапката на смртност кај децата, а не да прават анализи какви вести требало граѓаните да косумраат?!

Повеќе од дрско и безобразно, токму во период кога критиката на јавноста секојдневно е насочена кон очигледните пропусти во здраството (пропусти кои зацрнија многу семејства), Министерсвото за здравство да лиферува вакви проекти, а министертот Арбен Таравари, наместо јавно да обелодени што се крие зад смртта на децата, да пишува политички памфлети и „досетки“ на социјалните мрежи.

Токму социјалните мрежи беа преполни со омраза кон претходното раководство на Минстертсвото за здравство, за смрта на малата Тамара и за стапката на смртност на новороденчињата, нарекувајки го тогашниот министер, Никола Тодоров, министер за смрт. Но активизмот „по потреба“ очигледно заврши, бидејќи активистите се вдомија во владини фотелји, па сега немаат потреба да бараат одговорност од Таравари, бидејќи, веројатно и за ова се виновни  тие кои заминаа од власт.

Повеќе од недолично и одвратно е чувството кога министрерот кој треба да чувствува најголема одговорност за тоа што му се случува во ресорот, се исмејува на ФБ, со непромислена поента декa смртаа на шесте деца е помалку вредна од 500.000 иселени од Македонија.

Политичка досетка која веројатно добила аплауз во партијата, но големо, големо, разочарување кај граѓаните!

Се разбира, министерот собра лајкови, но вистинките коментари, веројатно не го оставија рамнодушен. Затоа што ако и покрај тоа, Таравари смета дека треба да се поистоветат луѓето што се иселиле од државата со смртта на децата, тука нешто многу не е во ред…

За потсетување, четири новороденчиња, едно 7-месечно бебе и две ипол годишно дете умреа за само една недела. На последното девојче, коешто почина во охридската болница, лекарите и дијагностицирале вироза?! Дете во 21 век почина од вироза и никој да поднесе одговорност?

По смртта на девојчето од Mинстретсвото за здравство информираа дека е формирана Комисија која ќе го испитува случајот.

Повеќе од очигледно е дека потребни се итни мерки и решенија за состојбите во македонското здравство, а не постфестум комисии што се чини дека функционираат зa евентуално само да ја оправдаат работата на лекарите или пак да ја минимизираат одговорноста на надлежните.

Со, или без комисии, јавноста бара одговорност, и ако има барем малку доблест во себе, Таравари треба да прифати дека во моментот тој е најодговорен за тоа што се случува во здравствениот систем.