Во македонското гласачко тело Силјановска во водство со над 8 отсто пред Пендаровски

Гордана Силјановска Давкова, води со над 8% пред Стево Пендаровски кај македонското гласачко тело, вели најновата анкета на агенцијата М – Проспект, спроведена во период од 04 до 10 април на 1.197 испитаници.

Кандидатот за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Силјановска, има стабилно водство пред кандидатот на СДСМ Пендаровски кај македонскиот електорат.

На прашањето какво е вашето мислење за Гордана Силјановска за Претседател, 42% од Македонците одговориле позитивно. Пендаровски има 8 % помала поддршка кај македонскиот електорат, за него позитивно мислење имаат само 33.6% од гласачите.

28.5% од македонските гласачи имаат негативно мислење за Стево Пендаровски, додека бројката на Македонци кои имаат негативно мислење за Гордана Силјановска е многу помала, односно само 18.4%.претседателски ибори