Во Малезија киднапирана туристка, бараат откуп 11,25 милиони долари

Киднаперите кои киднапираа кинеска туристка во Малезија, побараа за неа 11,25 милиони долари откуп, пренесуваат француските медиуми.

Малезискиот министер за внатрешни работи Захид Хамиди изјави дека семејството на Гао Хуајун, која на 2 април ја киднапираа вооружени луѓе заедно со еден од вработените во хотел „Филипино“, преговара со нејзините киднапери преку посредници.

„Се надеваме дека тој случај ќе може да биде решен што поскоро,“ изјави Захид чие што министерство управува со безбедноста и спроведувањето на законите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.