Во мандатот на Шилегов долгот на Градот е зголемен за трипати

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска открива дека во мандатот на нејзиниот претходник, Петре Шилегов, долгот на Градот е за трипати зголемен во однос на долгот што тој го наследи од неговиот претходник.

Таа на брифинг со новинарите истакна дека, токму поради зголемувањето на долгот, на Градот не му е оставен простор и основ за кредитирање, за што беше планирано да се земат кредити за големи градски капитални проекти.

„За жал, морам да кажам дека Градот е соочен со големо задолжување и во овој момент она што е останато како простор, за практично може нешто да се направи по основ на кредитирање, е скоро никаков. И тоа видов дека некој од претходното раководство се обиде да го претстави како моја слабост, дека нема да можам да кредитирам, наместо да го претстави како свое критизерство лично, што овозможил градот за четири години да се задолжи три пати повеќе од тоа што бил порано во претходниот мандат на неговиот претходник“, истакна Арсовска.

Таа посочи дека се работи на реализација на нејзината програма, особено во делот на Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП, во делот за овозможување на бесплатен јавон транспорт кој ќе се реализира етапно во неколку фази и набавка на нови електрични автобуси.

„Се работи на онаа програма која што ја имавме зацртано, а тоа е за првите чекори од овозможување на она што беше, етапно воведување на бесплатниот јавен превоз. Ревизијата е отпочната, темелно се детектираат сите слабости, се детектираат каде се загубите, затоа што знаете дека ова претпријатие е тежок загубар. Меѓутоа целта на новата управа и на новиот менаџмет е да се овозможи прво претпријатието да работи со оптимално намалување на прошоците, исто така со зголемување на приходите и со овозможување на сето она што може да се направи во следниот период. Најпрвин претпријатието да излезе од тие долгови што ги има, второ да се овозможи да се воведе прво на оние категории на кои што им беше ускратено правото на бесплатен јавен превоз и понатаму да се пристапи кон систем, за кој имаме и разговори со експерти за да се изнајде начин за финансисрање, за да се реализира првата транша на дел од новите автобуси“, рече Арсовска.

Таа додаде дека етапите за бесплатен јавен превоз и за набавка на автобусите се движат онака како што имаше зацртано во предизборната кампања, при што верува дека се направат темелни, детални анализи, да се видат сите можности кои се, дека тред се имаме тим на луѓе кои што сето тоа ќе успеат да го направат и сметам дека тоа ќе устеат да го направат уште во првите две години да биде целосно функционално.

Во однос на така наречениот БРТ транспорт, за кој до вчера беше објавен меѓународниот тендер и на кој не се јави ниту една компанија, Арсовска посочи дека за овој превоз нема одлука од Советот на Град Скопје, а за вакви проекти советот мора претходно да донесе одлука.

„Морам ад кажам, она што го видовме тука, од аспект на решението кое што беше презентирано во јавноста како нешто револуционерно, не само што не е револуционерно, туку и на штета на граѓаните на градот Скопје. Прво пред се затоа што е за тој БРТ превоз, нема одлука од Советот на Град Скопје“, кажа Арсовска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.