Во маркетите во Италија е невозможно да се најде зејтин, таму каде што го има, чини околу три евра

Сончогледовото масло е речиси невозможно да се најде во некои супермаркети во Италија. Каде што го има, чини три пати повеќе од порано. Населението ја чувствува инфлација во се поскапите и сѐ попразни вкеси, при постојан пораст на цените на житариците. Откога Индонезија го блокира извозот на палмино масло, а Индија на житото, сиромашните земји ќе станат уште посиромашни, а богатите ќе го осетат недостигот. Светската програма за храна (WFP) предупредува на „светски аларм на глад“ веќе во 2023 година, пишува РТС.рс.

Италија годишно троши околу 770.000 тони сончогледово масло, од кои дури 550.000 тони увезува (60 отсто од Украина). Но, со оглед на недостигот на суровини, логично е да се зголеми цената на овој финален производ.

Карло Тампиери, претседател на „Аситол“ и „Тампиери“, еден од најголемите италијански производители на сончогледово масло, изјави за медиумите дека потрошувачите забележале раст на цената на маслото за повеќе од 50 отсто за многу кратко време. Тоа значи поскапување и на другите, речиси сите намирници.

Една од најголемите грижи е тоа што во Украина ќе биде многу тешко да се сее сончоглед, како и други житни култури во мај, па ќе нема финални производи следнава есен.
Производителите на масло се обидуваат да најдат суровини во Молдавија, Романија, Бугарија и Унгарија. „Тампиери“ потсетува и дека семето и ѓубривата во Украина доаѓаат од Русија, но веќе не е така.
Досега, кога се во прашање прехранбените производи, храната не содржеше палмино масло, но сега му се враќаат, како замена на сончогледовото масло.
Од истите тие причини, цената на маслото од соја достигна историски максимум на берзата во Чикаго.
Индонезија, која е прв производител во светот, на 28 април го забрани извозот на палминото масло, бидејќи на тој начин се обидува да го намали поскапувањето за 40 отсто во земјата.
Во Италија цената на сончогледовото масло од 1,46 евра за шише се искачи на речиси три евра. Во некои земји од Европската унија и во Обединетото Кралство, владите одлучија да го ограничат дневниот износ на купување на масло, што е случај и со Италија денес.
„Забраната за извоз на палмино масло од Индонезија навистина нè погодува, бидејќи за нас тие се стратешки пазар за овој производ“, изјави за весникот „Република“ претседателот на Федерацијата за храна (Федералиментаре) Ивано Вакондио.

Медиумите објаснуваат дека растителните масла се најпогодениот производ од руско-украинскиот конфликт, а имајќи предвид дека во таа зона е 65% (10 милиони тони) од целокупното глобално производство на сончогледово масло. Војната води и до криза кога станува збор за житото. Цените на 16 мај пораснаа за 4,6 отсто. Поскапува и мекото брашно за 5,48 отсто. Индија, која е втор најголем производител на пченица во светот по Кина, одлучи да го забрани извозот на пченица бидејќи сака да го заштити своето население. Индиските медиуми објаснуваат дека поради екстремно високите температури е намалена жетвата на пченица, што е многу инфериорно во однос на она што требало да биде – под 100 милиони тони.
Претходно, Индија требаше да испорача 10 милиони тони во странство. Во април извезла 1,4 милиони и потпишала договори за извоз на уште 1,5 милиони тони.