Во март 70,7 отсто од потрошената струја била од домашно производство

Во март годинава вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 798 667 мегават часови електрична енергија, 44.740 милиони нормални метри кубни природен гас, 446 801 тон јаглен и 110 788 тони нафтени продукти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 70,7 проценти во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 97,2 проценти од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.