Во масовното тестирање на коронавирусот во Словачка првиот ден над 2,5 милиони луѓе – еден отсто позитивни

Речиси на половината од вкупната популација на Словачка ѝ е земен бирс на првиот ден од масовното тестирање на коронавирусот SARS-CoV-2, со кое тамошната влада настојува да го забави ширењето на коронавирусот во вториот бран и да избегне строго „затворање“ на земјата.

Словачкиот проект сега го разгледуваат и други земји кои ги бараат начините да се забави ширењето на коронавирусот и да се избгегне преоптоварување на здравствениот систем.

Министерот за одбрана на Словачка, Јарослав Над, изјави во неделата дека во саботата биле тестирани 2,58 милиони Словаци на десетгодишна возразст. Од нив 25.850 лица, односно 1 отсто биле позитивни на коронавирусот и мора да одат во карантин

Словачка, којашто е членка на Европската унија и којашто одлично се справи со првиот бран од епидемијата на коронавирусот, планира да ги тестира речиси сите свои жители, околу 5,5 милиони, освен децата помлади од 10 години.

За таа цел мобилизирани се над 40.000 здравствени работници, војници, полицајци, административни работници и волонтери на околу 5.000 локации на кои се спроведуваат тестирањата.

Словачките власти истакнаа дека тестирањето е доброволно и бесплатно, но влдата објави дека ќе воведе „локдаун“ за оние кои нема да дојдат да се тестираат, вклучително и забрана за одење на работа.

Премиерот Игор Матович рече дека се извинува поради вршењето на притисок врз Словаците, но дададе дека барањето за тестирање е оправдано.

„Слободата мора да оди рака-под-рака со одговорноста кон оние кои се послаби, со онколошките пациенти, постарите, лицата со други хронични болести“, рече Матович на прес-конференцијата во Братислава.

Словачка имаше само неколку илјади случаи на коронавирусот пролетва до крајот на летото, поради тоа што меѓу првите во Европа, задно со Чешка, Полска и Унгарија, ги затворија границите и воведоа ретриктивни мерки.

Меѓутоа, бројот на новозаразените изминатите седмици значително порасна и се стравува дека Словачка може да се најде во случна ситуација како и соседна Чешка којашто сега ја има најголемата стапка на смртно во две седмици во Европа.

На словачкиот проект му се спротиставија некои експерти кои се сомневаат во смислата на оваа еднократна мерка. Некои од нив предупредуваат дека користењето антигенски тестови кои наводно се помалку прецизини од лаборториските PCR тествои би можеле да покажат лажно негативни, но и лажно позитивни резултти.

Словачкта влада планира втората фаза од масовното тестирање да го спроведе следниот викенд, за со неа да се опфати пропуштените случаи и оние кои во меѓувреме се заразиле.

Словачка во неделата потврди нови 2.282 случаи откриени со PCR методата на тестирање, со што вкупната бројка се зголеми на 59.946 короанинфекции, а во вкупниот број заразени во моментов не се вклучени случаите досега потврдени во проектот на масовното национално тестирање. Во целиот период на трање на епидемијата досега во земјата починале 219 лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.