Висината на снежната покривка утрово во Маврови Анови изнесува 17 сантиметри. Во Попова Шапка и Крушево 14, во Тополчани 13, додека пак во Лазарополе 12, а еден сантиметар во Битола, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Македонија, дневната температура нема да се разликува во однос на утринската, а на повисоките места дополнително ќе опаѓа. Максималната температура ќе се движи во интервал од -2 до 7 степени.
Од УХМР најавуваат период на стабилно и суво време, со ниски утрински температури и со слаб до умерен северозападен ветер.
Од петок ќе се зголемат условите за појава на магла по котлините.