Мексикански археолози го пронајдоа првиот храм на древниот ацтечки бог на плодноста, Шипе Тотек, што во превод значи „богот без кожа“. Богот најчесто е претставуван како човек без кожа на себе, но и „облечен“ во туѓа човечка кожа.

Мексиканскиот национален институт за антропологија и историја соопшти дека откритието се случило при ископувања на наоѓалиште поврзано со древниот народ Пополока, чии потомци и денес живеат во централната мексиканска сојузна држава Пуебла.

Урнатините на храмот посветен на Шипе Тотек во Теуакан
Урнатините на храмот посветен на Шипе Тотек во Теуакан

Меѓу пронајдоците се два черепа и тело од изрезбан камен што го прикажуваат древниот бог.

Древните претколонијални мексикански народи го славеле богот Шипе Тотек така што на принесената жртва и’ ја дереле кожата. Тоа се правело за да се осигура плодноста и поради побрзо заздравување на повредните. Богот се сметал и за заштитник на копачите на злато.