Во Мексико во напуштени возила откриени 12 тела

Мексиканските власти соопштија во понеделникот дека откриле безживотни тела на 12 мажи и жени оставени во две комби возила во рурална област на сојузната држава Сан Луис Потоси, подрачје во кое се зачестени активностите на наркокартелите.

Канцеларијата на државниот обвинител на спомнатата сојузна држава извести дека покрај телата на десет мажи и две жени е најдена пишана порака на извесна злосторничка организација, но не ја отрки содржината на пораката. Исто така, не е известено за поединостите за причините за смртта на жртвите, кои засега се неидентификувани.

Во државата Сан Луис Потоси дејствуваат неколку криминални организации, вклчително и моќниот клан Зетас, какои Халиско картелот на новата генерација, а мескикансата влада повеќе од една децени со големи воени и полициски операци безуспешно се обидува да го спречи растечкото насилство на картелите.

Според официјалните податоци, од јануари до август годинава во оваа сојузна држава убиени се 411 лица, што е пораст за 43 отсто во однос на истиот период минатата 2019 година.