Во Менхенгладбах прекината серијата на Баерн без пораз

Фудбалерите на Борусија Менхенгладбах со голем пресверт со 3:2 го победија актиелниот шампион Баерн Минхен во првиот меч од 15-то коло на германското превенство, прекинувајќи на серијата на Баварците од 12 првенствени натпревари без пораз.

Поразот на Баерн се чинеше невозможен откако поведе со погодиците на Роберт Левандовски во 20 минута од пенал и на Леон Горецка во 26 минута.

Меѓутоа, домашните направија вистински подвиг, победувајќи го актуелниот германски и европски првак. Прво Јоган Хофман со два погодока, во 36 и 45 минута израмни, а потоа Флориан Нојхаус во 49 минута го донесе целосниот пресврт , а Баерн до крајот не успеа да израмни и да го избегне вториот пораз сезонава.

Баерн го претрпе првиот пораз од 27-ми септември, кога со 1:4 беше поразен на гостувањето на Хофенхајм. Минхенскиот клуб потоа остана непоразен на 12 натпрвари во германското првенство, или на вкупно 20 меча во сите натпревари, вкупно во Геранскиот куп и Лигата на шампионите.

Баерн останува водечки на табелата со 33 бодови, два повеќе од второпласираниот РБ Лајпциг кои во сабота ќе игра со Борусија Дортмунд. Борусија Менхегнабдах, пак, во моментов е седма со 24 бодови.

Колото продолжува во сабота со натпреварите Баер Леверкузен – Вердер, Шалке – Хофенхајм, Фрајбург – Келн, Унион Берлин – Вофлсбург и дербито на колото меѓу РБ Лајпциг и Борусија Дортмунд.

Во недела ќе се играат мечевите Аугсбург – Штутгарт и Арминија – Херта.