Во Mercedes Benz го развиваат најефикасниот електромобил на светот

Германскиот концерн за производство на втомобили „Mercedes Benz“ развива нов модел на електрично возило, прототипот Vision EQXX за кој велат дека ќе биде најефикасниот електричен автомобил на светот.

Првиот човек на одделот на „Mercedes“ за истражување и развој Маркус Шафер изјави дека на развојот на овој модел е ангажиран нов тим инженери чија цел е да создадат автомобил со најдолго движење и највисоко ниво на ефикасност, пишува порталот Electrek.

На презентицијата на прототипот било кажано дека таквото возило би можело да ја мине оддалеченоста од Пекинг до Шангај со само едно полнење на батаријата. Трена да се истакне дека станува збор за растојание до околу 1.200 километри, што во моментов се чини недостижно за возилата кои се движат на електрични мотори.

Иако протитипот Vision EQXX е развиван во рамките на технолошката програма, се очекува дека ќе резултира со иновации коишто наскоро ќе се користат и во сериското производство на автомобили.

На развојот на новата технологија, којашто би требало да овозможи „спектакуларана ефикасност и досег“ ќе работи тим на стручњаци на „Mercedes“ од Штутгарт и посебна група инженери од Велика Британија.

„Нашите инженери добија извонредно тешка задача: да го создадат најефикасниот електричен автомобил на светот. Станува збор за сериозен проект во рамките на кој развиваме технологии од новата генерација“, вели Шафер.

Од компанијата засега не објавуваат кога се очекува завршување на прототипот Vision EQXX, ниту кога ќе има вести за поефикасните батерии.