Во Microsoft подготвуваат нова верзија на Windows 10 за 2021 година

36

Верзијата на Windows 10 со додавката Х ќе биде лансирана во вториот квартал на 2021 година, а новата варијанта на оперативниот систем на американскиот технолошки гигант „Microsoft“ ќе содржи значителни промени, пишува порталот Gizmochina.

Како една од најважните функции на Windows 10X се наведува режимот Modern Standby. Односно, ако сега на компјутерот му е потребно извесно време да илзезе до режимот на мирување, со новата опција ќе може веднаш да продолжи со работа, со притискање на копчето за напојување или со отворање на капакот.

Втор додаток е функцијата Always-On, односно постојана вклученост на уредот, која е дизајнирана да им овозможи на апликациите да работат во заднина, дури и при режим на мирување. Тоа е корисно, на пример, за апликацијата за електронска пошта. Секако, опцијата ќе може и да се исклучи.

Windows 10X, како нова верзија на оперативниот систем на „Microsoft“ е ориентирана кон уради со двојни прикази или уреди кои може да се преклопат. Како што уверуваат во Редмонд, оперативниот систем ќе биде компатибилен и со класичните лаптопи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.