Во Милано од 1-ви јануари забрането пушењето на јавни простори

Поради големото загадување на воздухото во италијанската финансиска престолнина, градските власти на Милано од почетокот на следната година воведуваат забрана за пушење на автобуските постојки и другите јавни места.

Од 1-ви јануари во Милано нема да може да се пуши доколку не може да се осигури оддалеченост од најмалку 10 метри од другите лица, соопшти градскиот совет.

Тоа значи дека повеќе нема да може да се пуши на отворените спортски стадиони, на гробиштата и во парковите, како ниту на автобуските постојки, се додава во соопштението.

Пушењето на отворено, дури и во изолираните области, целосно ќе биде забрането од 1-ви јануари 2025 година.

Оваа мерка е дел од „законот за чист воздух“ чија цел е да се намали постојано високото ниво на емисии на канцерогени честички PM10 во Милано.

Еврoпскиот суд минатата седмица ја предупреди Италија поради тоа што „систематски и упорно“ ги кршела правилата на ЕУ против загадувањето со PM10 честичките во големи делови од земјата, вклучително и во Милано.

Градските власти соопштија и дека постепено ќе ги заоструваат сообраќајните ограничувања за постари возила, ќе ги принудат бензинските станици да инсталираат уреди за полнење на електричните автомобили и ќе забрана затоплување на домовите на дизел гориво.

Другите мерки против загадувањето на воздухот би вклучувале ставање рабници на печките на дрва во пицериите, забрани за скари и огномети од 1-ви октомври од 31-ви март, како и барање продавниците да ги држат постојано затворени влезните врати.