Во Минск се подготвува митинг за поддршка на Лукашенко

Учесници на провладиниот собир на кој според најавите треба да му биде искажана поддршка на минатата недела реизбраниот претседател Александр Лукашенко, се собираат во неделата на Плоштадот на Независноста во центарот на главниот град Минск, во екот на најмасовните белоруски протести против политичарот кој речиси три децении управува со земјата, пренесуваат медиумите.

Поддржувачите на Лукашенко, како што пренесува агенцијата РИА, се носат со туристички автобуси на митингот кој треба да започен точно на пладне. Репортерите пренесуваат дека станува збор главно за лица на средна возраст, како и дека се шегуваат на сметка на демонстрантите кои седум дена протестираат против наводно кражба на последните претседателски избори.

Во медиумските извештаи се наведува и дека сѐ уште пристигнуваат автобуси со приврзаници на актуелната власт, како и дека на местото на коешто треба да се одржи собирот пристигнал претседателскиот конвој. Според процените на репортерите, имајќи го предвид слабото обезбедување на конвојот, веројатно самиот Лукашенко засега не е присутен на плоштадот.

За денеска собир најави и белоруската опозиција, а притоа како место за негово одржува, исто така, го најави Плоштадот на Независноста.

Засега ситуацијата во Минск се оценива како мирна, со силно обезбедување на специјалните полициски сили на виталните објекти и местата на кои се одржуваат вообичаено протестите.