Во „Монструм“ денеска изјави дадоа сведоците

Судењето за петкратното убиство кај Смиљковското езеро по третпат ќе почне од почеток

Во продолжението на судскиот процес за случајот „Монструм“ изјави пред судот дадоа и сведоците.

„Видов млади луѓе. Момчињата кои дојдоа со бело возило побараа од мене црви за риба, а каде отидоа потоа знае само Господ“, ова го изјави сведокот Ахмед Бекир, на продолжението на судскиот процес за ѕверското убиство кај Смилковското езеро.

Младите момчиња кои ги видел се сега починатите Цветанчо Ацевски, Кире Тричковски, Александар Накевски и Филип Славковски.

Како што јавува Нова Македонија, рибарите велат дека „Чао, дечки“ биле последните зборови на момчињата кои тие ги слушнале.

„Чао, дечки“ беа последните зборови на момчињата што ги слушнавме ние. Потоа со бел автомобил заминаа. Беа на два метри од нас, ловеа риби и дојдоа да поразговараме за да им дадеме црви. Потоа повеќе не ги видовме, велат рибарите, и додаваат дека кога се разделиле со момчињата било пред зајдисонце, а потоа тие не се сретнале со никого.

Сведочењето на рибарите го слушаа роднините на убиените. Причина за повторното сослушување на сведоците беше повторување на судската постапка поради новообвинетиот Сами Љута, кој, според обвинението, заедно со уште неколку лица чиј идентитет не е познат, шетал кај Смиљковско Езеро и собирал податоци колку лица и од која националност се движат во тој реон,пишува весникот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.