Во Москва започнаа клиничките испитувања на вакцината „Спутник Лајт“

Во Москва започнаа меѓународните клинички тестирања на еднофазната вакцина против коронавирусот „Спутник Лајт“, објави на својот блог во четвртокот, градоначланикот на руската престолнина Сергеј Собјанин, каде ќе бидат спроведени и трите фази од клиничкото испитувања на назалната варијанта на вакцината „Спутник V“.

„Денеска ги започнуваме меѓународните клинички испитувања на вакцината ‘Спутник Лајт’. Новиот препарат, развиен во институтот ‘Гамалеја’ е создаден да го отстрани главниот недостаток на класичниот ‘Спутник V’ – присуството на две компененти кои се администрираат на пациентит во интервал од неколку седмици“, напиша московскиот градоначалник.

Како што беше претходно соопштено, за вакцинирањето со „Спутник Лајт“ ќе биде потребно само еднаш да се дојде во амбуланта, а имунитетот ќе се формира една седмица по вакцинирањето и ќе го достигне максимумот во заштитата од коронавирусот по четири седмици од инјектирањето. Развиена со истите специјални структури како и „Спутник V“ – на вектори носачи, неговата еднократна варијанта не го содржи самиот коронавирус, со што се избегнува можноста вакцинираниот да се разболе или да зарази други лица.

Притоа Собјанин наведува дека вакцината „Спутник Лајт“ веќе ја минала првата фаза од испитувањата на луѓе.

„Секој што ја добил (вакцината), развил имунитет на Covid-19. А самиот препарат организмот го поднесува како обична вакцина“, напиша уште московскиот градиначалник.

Во меѓународните клинички испитувања, како што наведува Собјанин, ќе учествуваат 6.000 волонтери. По три илјади од Русија и од Обединетите Арапски Емирати. Покрај тоа, испитувањата на „Спутник Лајт“ ќе се спроведуваат од понеделник и на Балтичкиот федерален универзитет „Имануел Кант“ во руската енклава Калининград.

Градоначалникот на Москва додава дека рускиот дел од испитувањато ќе се спроведува во главниот град во десет градски поликлиники. Во ова истражување може да учествува секој полнолетен граѓанин, доколку нема контраиндикации на вакцини и претходно не бил вакциниран со „Спутник V“. Собјанин додава дека потенцијалните учесници во тестирањето ќе бидат подложени на постојан медицински надзор.

Руските стручњаци истражувајќи нови начини за заштита од коронавирусот, развиле и назална варијанта на вакцината „Спутник V“, којашто треба да поттикне имунитет во зоната на назофаринскот. Според самите создавачи на овој препарат, тој нема да ја замени оригиналната вакцина, но може да биде полезен како дополнителна превентива или заштита.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.