Во МВР нема пријави за настрадани по дојавата за пукање во скопски Чаир

Министерството за внатрешни работи не добило никакви пријави за повредени или настрадани лица, откако во раните попладневни часови во петокот било дојавено за пукање од огнено оружје кај локацијата Јаја Паша, во скопски Чаир.

Од МВР, на прашање на НетПресс, информираа дека пет минути пред 15 часот било пријавено пукање од огнено оружје на улицата „Цветан Димов“, пред продавница за автоделови.

 

„На местото на настанот се пронајдени чаури од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, изјавија од МВР.