Во најбогатата лотарија на светот поделени 2,4 милијарди евра

Во вторниот во најбогатата и една од најстарите лотарии во светот, шпанската игра на среќе Ел Гордо (Дебелко, на шпански El Gordo), беа поделени 2,4 милиони евра.

Оваа игра на среќа воведена од 1812 година стана важен дел од божикните празници во Шпанија. Наместо неколку добитници на големи суми, со извлекувањето се овозможува поголем број луѓе да освојат помали добивки. Во играта учествуваат стотици илјади жители, цели семејства, колеги на работа или пријатели заеднички купуваат тикети и ги избираат броевите, а најпродаватаните тикети чинат 20 евра и често и ги подаруваат за празниците.

За разлика од другите лотарии кои нудат поголеми поединечни добивки, но El Gordo, кој се извлекува секоја година на 22-ри декември, според вкупниот износ на добивките е најбогатата лотарија на светот. Ја води шпанската национална лотарија, а откако ќе се исплатат добитниците, остатокот оди во државниот буџет.

Оваа година добите беше вројот 72897. Извлекувањето на лотаријата, а традиционално извлечените бројки ги пеат деца од едно основно училиште во Мадрид, Шпанците го следат во директни телевизиски прејности, а резултатите осамнуваат следниот ден на насловните страници на сите дневни весници.

Поради пандемијата на коронавирусот оваа година е направен преседан, и извлекувањето е изведено без публика. Но телевизиите, како и секоја година, емитуваа сцени од ерупции од одушевување на добитниците пред продажните места на коишто среќниците ги купиле добитните лозови. Имаше и гушкања, а некои од учеснците на момент ги симнаа маските, кои во Шпанија мора да се носат задолжително и на отворени простори.

Во годината на пандемијата и последиците од економската криза, добивката на лотаријата Ел Гордо значи многу повеќе отколку претходно, особено бидејќи Шпанија е една од државите најтешко погодени во здравствено-економската криза.