Во Нагасаки е одбележана годишнината од американскиот атомски напад

Во Нагасаки денес на церемонија им беше оддадена почит на жртвите на американскиот атомски напад на тој јапонски град на 9 август 1945, во кој беа убиени 74.000 луѓе.
Градоначалникот на Нагасаки Томихиса Тауе во својот говор во Паркот на мирот кажа дека нуклеарното оружје може да се користи сè додека постои, и дека неговото елиминирање единствениот начин да се спаси иднината на човештвото.

Додаде дека руската инвазија на Украина на светот му покажала дека уште еден нуклеарен напад не е само грижа, туку и „реална и актуелна криза“.

Соединетите Американски Држави на 6 август 1945 ја фрлија првата атомска бомба во светот на Хирошима, која го уништи градот и уби 140.000 луѓе. Три дена подоцна втора бомба беше фрлена на Нагасаки, по што Јапонија безусловно се предаде на 15 август.