Економија

Во најава зголемување на данокот на добивка

Во најава зголемување на данокот на добивка

Бранимир Јовановиќ, советник на министерот за финансии, Драган Тевдовски, најави покачување на уште еден данок, надвор од програмата на СДСМ, а кој ќе падне на товар директно на фирмите. Јовановиќ ги потврди сомнежите дека владата го крои најголемиот буџет досега и тоа на сметка на граѓаните и фирмите, кои треба да го наполнат. Тој потег ќе доведе до сериозно осиромашување на стопанството и на граѓаните, пишува Економски.мк.

Владата на чело со Зоран Заев ќе го зголемува данокот на добивка, но не и за воведување на прогресивна стапка. На ова прашање советникот Бранимир Јовановиќ изјави:

Во програмата на Владата тоа не е ставено, но дефинитивно се размислува за промени и кај данокот на добивка. Воведувањето на прогресивен данок на добивка во моментот не е толку важно како што се важни некои други работи кај него.

Со ова владата на СДСМ за да го наполни буџетот ќе удри по грбот на граѓаните и по компаниите. Владата на СДСМ ветуваше живот за сите и плата од 30.000 денари, но нема никакво покачување на платите до сега, освен на разните давачките кон државата во форма на даноци и акцизи. Според податоците, исто така, имаше пад на платата ова лето, односно намалување за 400 денари. Доколку се додаде фактот дека се зголемува и акцизата на горивата за 3 денари, која со ефектот на спирала ќе доведе до покачување на трошоците за живот се заклучува дека новата влада им го скрати животот на многу граѓани преку директно удирање по нивниот џеб.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ своевремено во 2007 и во 2008 година воведе таканаречена стапка на рамен данок, со што персоналниот данок на доход и данокот на добивка ги израмни на 10%, мерка со која им се заштеди пари на граѓаните и фирмите, фирмите со парите кои останаа од намалувањето на данокот добија свежи средства за реинвестирање и обнова на поризводтсвените погони, како и средства за отворање на нови работни места.

Воведувањето на  рамниот данок помогна Македонија да стане земја со една од најниските даночни стапки во светот и донесе голем број на странски, но и домашни инвеститори.

Досегашната политика на владата на ВМРО-ДПМНЕ беше со приоритетот врз граѓаните и бизнис заедницата, како повеќе пари остануваа во стопанството, за сега новата влада на чело со Зоран Заев да става приоритет во полнење на буџетот преку зголемување на даноците. Владата на СДСМ го полни буџетот преку грбот на граѓаните, а до сега нема изградено ниту еден капитален проект. Ова доведува до стагнација на економијата и до осиромашување на населението со што и куповната моќ опаѓа. Новата влада на Зоран Заев ги води граѓаните на работ на преживување и сиромаштија.