Во најновиот потрес во Индонезија десетина загинати и голема материјална штета

Најмалку десет луѓе загинале по новиот потрес со магнитуда од 6,9 по Рихтер кој го погоди индонезискиот остров Ломбок во неделата, објавија властите во понеделникот.

Потресот доцна во неделата се случи две седмици по разорниот земјотрес кој усмрти околу 480 луѓе и се раселија според најновите податоци на 400.000 луѓе.

Пет жртви загинале на соседниот остров Сумбави, изјави Сутопо Нугрохо, портпарол на агенцијата за проридни катастрофи. Најмалку 24 луѓе се повредени, додал.

„Луѓето биле надвор во привремените засолништа, по последниот земјотрес, кога се случи потресот, избегнавме трагедија“, рекол Нугрохо. Истакнал дека новиот потрес ја продлабочил „тагата и бедата“ за преживеаните.

На Ломбок, исто така, нема ниту електрична енергија, што ги отежнува натамошната процена на штетата. Регистрирани се дури седум дополнителни потреси со магнитуди над 5 степени.

Американската агенција за потреси објави дека земјотресот забележи на длабочина од 20 километри, а 62 километри од градот Матарама. Потресот со магнитуда од 6,5 беше регистриран во неделата рано утрото, и урнал неколку куќи кои веќе биле оштетени од минатиот потрес, а исто така предизвикал и неколку свлечишта.

Во земјотресот од 5-ти август, исто така, на Ломбок, покрај 480-те жртви и речиси 7.800 беа уништени десетици илјади куќи, а повеќе од 417.000 луѓе уште спијат под шатори. Во последната седмица од јули Ломбок беше погоден од земјотрес со магнитуда од 6,4 степени, кој однесе 17 животи и уништи многу домови на островот. Штетите од катастрофите се проценува дека ќе надмине 500 милиони долари, оцени агенција за потреси.

Двата најголеми светски архипелага Индонезија и Филипини, се дел од таканаречниот Пацифички огнен прстен, плоча која е формирана на дното од Индискиот и западниот дел од Тихиот Океан, која на ова место навлегува под Азиската плоча. Како резултат на движењето на овие две плочи на териториите на овие две земји се чести земјотресите и вулканските ерупции. Со тоа овој регион е една од сеизмички најактивните зони на планетата.

Во овој дел од светот се наоѓаат најактивните тектонски плочи, од кое едната се движи со брзина од седум сантиметри годишно. Годишно сеизмолозите регистрираат меѓу шест и седум илјади потреси со магнитуда над 4,0. Во декември 2004 година, катастрофален земјотрес со јачина од 9,2 степени крај Суматра предизвика цунами во коешто загинаа над 230.000 луѓе во десетина земји.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.