17.8 C
Skopje
четврток, август 18, 2022

Во напад на автобус во Сирија убиени најмалку 13 лица

Во напад на автобус, изведен утрово, во северна Сирија загинаа 13 лица, повеќето владини војници, соопшти Министерството за одбрана на земјата.

Во соопштението на Министерството се вели дека 11 владини војници и двајца цивили биле убиени во терористички напад врз цивилен транзитен автобус. Се наведува дека уште тројца војници се ранети.

Сириската државна новинска агенција САНА соопшти дека нападот се случил во регионот Џабал ал Бишри во провинцијата Рака.

Според Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, во нападот од заседа загинале најмалку 15 лица. Мониторинг центарот соопшти дека засега не е можно да се утврди кој го извршил нападот, но појаснува дека е изведен во провинцијата Рака, каде терористичката Исламска држава е се уште активна.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.