Во напад на џихадистите убиени пет борци на ирачките Курди

Најмалаку пет борци на паравоените сили на ирачките Курди познати како „пешмерга“ се убиени а уште осум се ранети ноќта кон понеделникот во напад кој го извеле милитантите на ултрарадикалната сунитска групација Исламска држава во автономниот регион на Ирачки Курдистан, пренесува телевизијата Sky News Arabia повикувајќи се на извори од регионот.

Според информациите на телевизијата, терористите ги нападнале „пешмергите“ од три правца во близина на селот Кара-Салим во провинцијата Киркук во северен Ирак.

Од своја страна, претставниците на властите на Ирачки Курдистан присуствиле дека „има жртви и ранети меѓу борицте пешмерга во уште еден брутален напад на терористите“. Меѓутоа, региониналните власти истакнуваат дека „нападот на милитантите е одбиен“ и оти „ситуацијата во моментов е под контрола“.

Во врска со нападот, претседателот на курдската автономија Нечирван Барзани свикал итен состанок на кој присуствувале и претставнции на командата на „пешмергите“.

Кон крајот на ноември Барзани ја оцени како „опасен сигнал и реална закан за регионот“ зачестеноста на нападите од екстремистите на Исламската држава на територијата на курдската покраина последните седмици. Поради тоа, повика на поблиска соработка меѓу пешпмергите и ирачката армија, со поддршка на меѓународната коалиција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.