Во напад на североистокот од Нигерија убиени 18 лица

Осумнаесет лица се убиени во петокот на североистокот од Нигерија, јавуваат локални функционери и очевидци, а за нападот се осомничени припадниците на радикалната исламистика група Боко Харам, што е најновите во сѐ поголемиот број смртоносно напади во регионот.

Според изјавата на челникот на тамошната локална заедница за агенцијата Reuters, напаѓачите вооружени со ножеви во текот на ноќта нападнале група луѓе во местото Банки, 130 километри оддалечено од градот Маидугури, главниот град на нигериската сојузна држава Борно, центарот на осумгодишниот судир со Боко Харам.

Во последните неколку месеци зачестеноста на нападите во североисточна Нигерија се зголеми,а од почетокот на јуни а пред нападот од петокот, убиени се најмалку 172 лица, наведува Reuters.

Во нападот во местото Банки усмртени се 18 лице, потврдил Моду Перобе, член на локалната милиција која се бори против Боко Харам. Ж

Во осумгодишниот бунт на Боко Харам, која сака да создаде држава во којашто ќе владеат ригидните толкувања на исламското шеријатско право во животите ги загубија најмалку 20.000 луѓе, а според Обединетите нации, десетици илјади во моментов гладуваат поради судирите.

Во Нигерија, со околу 180 милиони жители, кои речиси по половина се муслимани ихристијани, има околу 8,5 милиони жители кои се најтешко погодени во североисточните сојузни држави и имаат потреба од некаков вид помош, при што 5,2 милиони луѓе немаа сигурен пристап до храна, наведуваат од светската организација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.