Во напад со нож во Токио убиено девојченце и 17 ранети, умре и напаѓачот

Девојче на училишна возраст загинала во напад со нож кој се случи во вторникот рано утрото по локално време во предградиот на јапонската престолнина Токио, а од саморанување починал и напаѓачот чиишто мотиви за овој налудничав чин сѐ уште не се познати.

Во нападот се повредени 17 лица, а најголем број меѓу нив се ученички во основно образование кои оделе во католичко училиште.

Според извештаите на локалните медиуми, меѓу најтешко повредените се една жена во 40-ите години и три шестгодишни девојченца, „кои здобиле повреди на главата и вратот“, изјавил Такехито Отсубо, заменик директор во болницата во кои се згрижени жртвите во нападот.

Според најновите сознанија од истрагата, се чини дека напаѓачот, кој бил на возраст меѓу 40 и 50 години, прво влегол во автобус кој ги превезувал ученичките, а пота ги нападнал и луѓето кои биле на автобуската станица, Полициајта во блискиот парк пронашла два ножа.

Сочувство со жртвите и нивните семејства, како и со целиот јапонски народ, веднаш изрази и американскиот претседател Доналд Трамп, кој во вторникот ја заврши четиридневната работна посета на Јапонија.

„Сите Американци си крај луѓето на Јапонија и плачат со жртвите заедно со нивните семејства“, порача Трамп во текот на посетата на јапонски воен брод, со која заврши неговата посета.