Во нападите на западната коалиција во Сирија убиени над 3.300 цивили

Повеќе од 3.300 цивили се убиени во воздушните напади на коалицијата којашто ја предводат САД против џихадистичката Исламска држава во Сирија од 2014 година, објави во неделата опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) чиешто седиште е во Лондон.

Овие водушни операции започнаа во август 2014 година во Ирак и веќе следниот месец се проширија и на сириските територии во време кога џихадистичката организација кај којашто неодамна сириските власти пронајдоа израелска медицинска помош владееше големи подрачја од двете соседни земји.

Во нападот е убиено 3.331 лице, од кои 826 деца и 615 жени, изјавил директоторт на SOHR, Рахман Абделрахман, пренсува агенцијата AFP. Меѓутоа, во овие бројки не се земени предвид и цивилните жртви во одмаздничките ракетни напади на западните земји врз инфраструктурата на сириската влада.

Меѓународната коалиција тврди дека ги преземала сите мерки за претпазливост за да се избегнат цивилни загуби. Во последниот извештај објавен во август годинава, коалицијата предводена од сАД наведе дека имало 1.061 цивилна жртва поврзани со нејзините операции во Сирија и во Ирак до 30-ти јули. Коалицијата го намали интензитетот на операциите, откако џихадитие ги загубија речиси сите територии во двете земји и даваат отпор само во мали џепови во кои се притаени.

Според процени на Обединитетит нации, повеќе од 360.000 луѓе се убиени во Сиријата од почетокот на војната во март 2011 година. Третина од жртвите се цивили, наведува SOHR.