Во нападот на канадскиот конвој во Буркина Фасо 37 мртви

Во нападот од заседа поставена за конвојот кој ги превезувал вработените во канадската рударска компанија „Semafo“ во Буркина Фасо во средата убиени се 37 и ранети уште 60 луѓе, објави гувернерот на покраината Источен регион, полковникот Сауду Сану коригирајќи ги преходните извештаи кои говореа за 10 убиени и неколку исчезнати лица.

Компанијата „Semafo“ соопшти дека нападот е изведен меѓу рударските локации Фада и Бунгу, а безбедносни извори соопштиле дека конвојот налетал на импровизирана експлозивна направа на дел од патот каде што не работат мобилните врски. Веднаш по експлозијата непознат број напаѓачи отвориле оган врз конвојот. На истиот пат минатата година во напад врз полициско возило беа убиени пет лица.

Нападот во „текот на утрото“ по локално време го извеле неидентификувано лица, рекол за AFP гувернерот Сану.

Последните години делови од Буркина Фасо се зафатени од насилства кои ги предводат исламистите, а безбедносните сили досега не успеаваат да се справат со нив. Во последните три години насилствата од страна на џихадистиет и криминалците од соседно Мали го зафати донеодамна релативно мирното подрачје на Сахел.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.