Минхенската полиција соопшти дека во вооружениот напад во трговскиот центар загинале 10 луѓе, а 27 се повредени.
Тројца од жртвите се косовски државјани, тројца турски државјани и еден Грк. Седуммина од жртвите биле тинејџери.
При претресот на станот на напаѓачот од трговскиот центар не се откриени докази за негова поврзаност со „Исламска држава“. Но, пронајдена е литература за масовни убиства и се претпоставува дека бил инспириран од Андерш Брејвик, кој пред пет години уби 77 лица во Осло и на островот Јутоја.
Имено, осумнаесетгодишниот Али Давид Сонболи се лекувал од депресија.