Во нападот во сириската база се убиени девет цивили, меѓу кои и деца

148

Според државната сириска агенција САНА цивилите загинале во села во близина на базата. Во нападот се ранети уште седум лица, а куќите во таа област се тешко оштетени.

Претходно гувернерот на покраината Хомс, Талал Барзаи изјави дека седум лица се убиени во нападот.

ТАСС објави дека според податоците на руското Министерство за одбрана се убиени четири сириски војници, двајца се водат како исчезнати, а шестмина се ранети.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.