
Во вчерашниот напад врз болницата во северен Кабул, каде „Лекари без граници“ водат породилиште, биле убиени 12 мајки и медицински сестри и две бебиња, соопштија авганистанските власти.
Во нападот има и најмалку 15 други повредени лица, меѓу кои и неколку деца.
Нападот го извршиле неколку вооружени лица, а талибанците негираа дека стојат зад нападот, за што се уште никој не ја презеде одговорноста.
Според официјалните лица, три лица во полициска униформа упаднале во болницата и почнале да пукаат и фрлаат бомби.
-Десетици лица беа евакуирани од болницата од страна на безбедносните сили, вклучително и жени и деца, изјави портпаролот на министерот за внатрешни работи.
Нападнатиот болница, што има капацитет од 100 кревети, се наоѓа во еден од најсиромашните делови на Кабул.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.