Војната одамна е завршена, ама НАТО не планира да си замине од Ирак

Земјите од НАТО треба да го зголемат бројот на војници што го распоредуваат во мисијата за обука во Ирак од 500 на околу 4.000, соопшти генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.

– Идејата е да се прошират активности за обука на ирачките безбедносни сили и исто така да се прошират надвор од Багдад, рече шефот на Алијансата, пренесува ДПА.

Целта е да се спречи заживувањето на терористичката група Исламска држава.

– Нашата мисија е на барање на ирачката влада, изјави Столтенберг пред новинарите по разговорите на министрите за одбрана. Тоа се спроведува со целосно почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Ирак, потенцираше

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.