Војната во Украина ги менува рутите за трговијата со дроги

Војната во Украина влијаела и на промената на рутите за криумчарење на дрогите во Европа, предупредува агенцијата за дроги при Европската унија.

Директорот на Европскиот центар за следење на дрогите и зависности од наркотиците (EMCDDA). Алекс Госдел изјави во вторникот дека војната веќе има „директно влијание“ на една од рутите за трговија со хероинот од Авганистан којашто минувала низ Украина и преку другите соседни земји.

„Трговците со дроги сега повеќе немаат интерес да продолжат да ја користат оваа рута“, рече Госдел на онлајн прес-конференцијата додавајќи дека веќе постоја знаци за засилена трговија на границите меѓу Турција и Бугарија, како и меѓу Турција и Грција.

Според него, војната во Украина ги принудила и криумчарите коишто го користат Црното Море да се решат за други рути, бидејќи од почетокот на судирите недостапни им се црноморските пристаништа. Додаде дека верува оти ќе се зголеми трговијата со наркотици преку грчките острови и јужен Медитеран.

Во својот годишен извештај EMCDDA истакнува и дека многу луѓе коишто во текот на војната претрпеле „тежок психолошки стрес“ би можеле да станат понаклонети кој користење и злоупотреба на штетни супстанции.

Се предупредува, исто така, дека здравствените служби во европските земји, особено во оние коишто граничат со Украина, веројатно би можело да станат уште пооптоварени, имајќи предвид дека зависниците од наркотици кои бегаат пред војната ги побараат нивните услуги и поддршка.

„Клучните барања веројатно ќе бидат континуитет во лекувањето, преведувачки услуги, обезбедување сместување и социјална грижа“, стои во извешајот и се додава дека во опасност се дури и лицата кои не биле зависни од дроги.

Агенцијата истакнува дека тешката финансиска ситуација во Авганистан, каде од ланскиот август повторно на власт се талибаните, заработката од дрогите би можела да стане значаен извор на приходи, што може да резултира со зголемена трговија со хероинот кон Европа. Се додава и дека и покрај забраната за производство, продажба и трговија со дрогите, одгледувањето на афионот во Авганистан и натаму продолжува.