Во навивачките безредија во Милано почина навивач на Интер

Во навивачките безредија коишто му претходеа на синоќешниот двобој меѓу Интер и Наполи, навивач на миланскиот клуб е прегаззен и им подлегнал на повредите во болница, а полицијата уапсила тројца осомничени, објави во четвртокот на прес-конференција шефот на миланската полиција Марчело Кардоне.

Засега не е идентификуван возачот на возилот коешто налетело на несреќниот 35-годишник.

„Пред натпреварот е нападнат автобус со навивачи на Наполи. Повеќе од стотина навивачи на Интер го нападнале автобусот и во нападот се употребени шипки и палки“, изјавил Кардоне и додал дека во тој метеж на несреќниот навивач на Интер налетало возило кое се обидувало да се извлече од мешаницата.

Ниту самиот дуел не мина без инциденти, а најмногу во јавноста одекнаа расистичките навреди упатени кон сенегалкиот бек на Наполи, Калиду Кулибали. Раковоството на клубот кој на крајот беше поразен со 0:1, остро реагираше зашто во тие моменти судијата не го прекинал натпреварот.

Кардона најви дека полицијата ќе апелирата до март да биде затворени трибината на стадионот „Сан Сиро“, на која се наоѓаат најрадикалните навивачи на Интер. Исто така, полицијата бара на навивачите на „нераѕурите“ да им се забрани одење на гостинските натпревари до крајот на оваа сезона.