10.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Во недела неколку автобуски линии на ЈСП со изменет режим на сообраќајот

Скопското Јавно сообраќајно претпријатие (ЈСП) во петокот информираше дека во недела, во период од 8 до 12 часот, поради одржување на Женска трка, автобусите на линиите 8, 15А и 18 ќе имаат изменет режим на сообраќај.

Затворен за сообраќај ќе биде булевар „Илинден“, од крстосницата со булевар „Климент Охридски“ до крстосницата со булевар „8 Септември“ (кај МИ-ДА).

Затворен за сообраќај ќе биде и булевар „8 Септември“, на потегот од вкрстувањето со булевар „Партизански одреди“ до вкрстувањето со булевар „Илинден“.

Автобусите на посочените линии ќе ги користат околните сообраќајници.

Скопој