Во Непал локални избори првпат по 20 години

Кога Непалците претходниот пат гласаа на локалните избори во 1997 година, граѓанската војна штотуку почнуваше, а дваесет години подоцна владее мир и во недела по локално време ќе се вратат на избирачките места за да ја пополнат оваа институционална празнина поради којашто се разгори корупцијата.

Гласањето треба да придонесе оваа хималајска држава, разорена со десетгодишната граѓанска војна, од 1996 до 2006 година во којашто загинаа околу 16.000 луѓе и којашто доведе до падот на хиндуистичката монархија, да ја сврти крвавата граница на судирот.

Влегувајќи во рамките на мировниот процес, изборите претставуваат клучна етапа во зацврстувањето на демократското функционирање во оваа сојузна република, според уставното уредување. Во рамите на новиот Устав, по гласањето за локалните органи на власта ќе следат покраинските и националните избори, а овие последните треба да се одржат најдоцна во јануари 2018 година.

Мандатот локалните претставници избрани 1997 година истакнува 2002 година, во штотуку разгорената војна. Бирократите заминаа на одмор, а резултатот беше без никој одговорен корупцијата на теренот едноставно букна.

На избирачките места за локалните избори, Непалците ќе гласаат за речиси 50.000 кандидати за 13.556 места, од началници до советници во окрузите.

Како израз на предизвик на постоечките партии, многу кандидати се претставуваат независно или предводат нови партии со реформистички програми.

„Амбисот меѓу граѓанското општество и владата не може да биде подлабок“, коментира аналитичарот Џорџ Варугејс од Asia Foundation. Според него, бројните кандидатури се обид за ставање крај на трите главни партии: маоистите, Непалскиот конгрес – од десниот центар, и националистите од CPN-UML.

Избирачките места ќе бидат отворени во неделата во три покраини, бидејќи изборите се поделени во три фази, поради стравувањата од насилства. Другите четири региони би требало да гласаат на 14 јуни.