Во несреќа на автопат во Индија прегазени 18 работници

Најмалку 18 работници кои спиеле покрај патот се прегазени кога камиот со голема брзина се забил во автобус на автопат во Индија, соопшто во средата локалната полиција.

Уште 25 работници се повредени во истата несреќа којашто се случила во вторникот доцна ноќта во округот Барабанки на северот од индиската сојузна држава Утар Прадеш.

Претставникот на локалната полиција Панкаџ Кумар Синг изјавил дека се расипа автобусот со кој работниците патувале, по што возачот го паркирал крај автопатот. Работниците подоцна заспале покрај коловозот во близина на автобусот.

„Неколку часа подоцна камион кој се движел со голема брзина удрил во задниот дел од автобусот, а од ударот автобусот се придвижил и ги прегазил работниците. Повеќето од жртвите починале на самото место, а неколку други им подлегнале на повредите во болница“, рекол Синг.

Работниците од сојузните Харјан и Пенџаб се враќале во своите домови во државата Вихар, додал.

Индискиот премиер Нарендра Моди изрази сочуство поради несреќата и додаде дека разговарал со државните власти за да се обезбеди соодветно лекување на повредените.

Секоја година во сообраќајните несреќи во Индија страдаат десетици илјади луѓе. Несреќите главно се должат на лошо одржуваните коловози и возила, како и на несовесното возење.