Во несреќа на ролеркостер во Шпанија повредени 33 луѓе

@EmergenciasMad

Најмалку 33 лица се повредени во несреќата на ролекостерот која се случи во неделата во забавниот парк во близина на главниот град Мадрид, пренесува шпанската новинска агенција EFE.

Иако настраданите имаат само полесни повреди, 27 лица се хоспитализирани поради претпазливост.

Полицијата објави дека отворила истрага за овој инцидент. Управата на забавниот парк тврди дека ролекостерите биле тестирани за безбедност.

Според првичните информации два вагона од ролекостерот се судриле при крајот на возењето од атракцијата наречена „Воз од рудникот“. Очевидци рекле дека еден од вагоните застана, а вториот кој се движел зад него не успеал да забави.

„Луѓето имаа очила за виртуелна реалност и тие не го очекуваа ударот“, рекол еден од очевидците.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.