Во Нетпрес денеска готвиме црвена руска салата и медено срце

На посното петочкото мени во Нетпрес денеска имаме црвена руска салата ии медено срце.

Потребни состојки

300 гр грашок

300 гр морков

300 гр пченка

300 гр туна од конзерва

200 гр домашен ајвар

Пипер

Магдонос

Подготовка

Обарете го грашокот, пченката и исечканиот морков, изладете и додате ги во туната. Додадете ајвар и бибер, па сето тоа добро измешајте. Готовата салата украсете ја со исчекан магдонос.

 medeno srce

Посно медено срце

Состојки

2 шољи (0,2 л) шеќер

2 шољи вода

3 шољи брашно

1 кесичка прашок за печиво

2 лажички цимет

4 лажички џем од кајсии

Подготовка

Сите состојки измешјте ги убаво и смесата ставете ја во калап да се пече околу 30 минути. Печениот колач измачкајте го со џем. Може и со глазура од чоколадо (100 гр чоколадо за готвење и 3 лажички масло).

Пријатен апетит!