Во невремето во Скопје: Паднати дрва, оштетени автомобили, прекини на електрична енергија и телекомуникациската мрежа

Краткотрајното невреме кое го погоди скопскиот регион предизвика мали штети во Скопје.

– Прекин на електричната енергија во делови на Центар и Аеродром;

– Прекин на телекомуникациската мрежа во неколку скопски населби;

– Десетина паднати дрвја и неколку оштетени автомобили.

Град Скопје соопштува дека се проодни сите подвозници и дека екипи на јавните градски претпријатија работат на поединечни локации.

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ работат на расчистување на дрвјата, додека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ на отстранување на проблеми со атмосферската канализација.