Во Нигер исламистите убиле повеќе од 70 цивили

Најмалку 70 цивили се убиени во истовремени исламистички напади врз две села во Нигер, недалеку од границата со Мали, соопштија безбедносни извори

Најмалку 49 селани се убиени и 17 ранети во селото Чомбангу, додека околу 30 селани се убиени во селото Зарумдареје, велат истите извори.

Нигер претходно беше мета на напади на исламски милитанти поврзани со Ал Каеда и „Исламска држава“, потсетува АФП.

Стотици луѓе беа убиени минатата година во нападите недалеку од западната граница со Мали и Буркина Фасо и на југоисточната граница со Нигерија.