Војник ранет со пиштол во стапалото при вежба на Криволак

Војник е повреден со пиштол во стапалото при изведување воени вежби на воениот полигон „Криволак“, вчера, соопшти полицијата.

Вчера во полициската станица во Неготино било пријавено дека околу 13 часот при изведување воени вежби на воениот полигон „Криволак“ припадник на Армијата се здобил со прострелна рана од пиштол во пределот на стапалото. Повредениот бил пренесен во Општата болница Кавадарци за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ОВР-Кавадарци.