Во ноќните протести во Каталонија настрадале 24 полицијаци

Најмалку 24 полицајци се повредени во судирите со демонстрантите во Каталонија во текот на изминатата ноќ, пренесува во четвртокот весникот Periodico и додава дека според претходните информации се говорело за 40 повредени на двете страни.

Во пораст е бројот на приведени лица во Каталонија. Според последните официјални бројки, во четвртокот претпладнето оваа бројка се зголемила од 20 на 32 лица, и тоа, дванаесет во Барселона, единаесет во Леида, пет во Тарагона, три во Жирона и едно во Манрес.

Спроед процените, вкупно во протестите кои продолжуја и утрото учествуваат над 20.000 луѓе, кои поставуваат барикади, палат контејнери за отпад и автомобил, а исто така фрлаат „молотови коктели“ и киселина врз полицајците. Како одговор, безбедносните сили користат палки и гумени куршуми.

Масовните безредија во шпанската покраина Каталонија траат веќе трет ден, откако Врховниот суд на Шпанија осуди на високи затворски казни дванаесет каталонски поранешни функционери и активисти поради организрање на референдумот за независност. Епицентарот на безредијата беше аеродромот крај каталонската престолнина Барселона, каде што во понеделникот беа повредени 131 демонстрант и околу 70 полицајци. Во втроникот протестите продолжија и се проширија во другите каталонски градови, и тогаш имаше околу 200 повредени и 50 приведени лица.

Од средата блокирани се делови од железницата и сообраќајниците. Демонстранти од пет градови тргнаа на „Маршевите на слободата“, како што ги нарекоа организаторите, а се одвиваа од градовите Жирона, Тарагона, Рарега, Берга и Вико. Тие, некои поминувајќи и стотина километри пешки, во петок треба да пристигнат во Барселона, кога е закажан генерален штрајк во покраината.