Во Норвешка надминат температурниот рекорд по повеќе од седум децении

Во областа на норвешката престолнина Осло во средата, 65-ти ден со ред, е измерена температура од над 25 Целзиусови степени, со што е надминат досегашниот рекорд во времетраење на последователно високи температури од 1947 година.

Норвешкиот метеоролошки институт инфромираше дека новиот рекорд е постигнат по 71 година на мерното место во Бускеруп, западно од Осло.

Паралено со температурните рекорди во јужните делови на Норвешка, во Куовдатмохки во новрешката арктичка област Финмарк во близина на границата со Русија, измерени севпрвите ноќни температури под нулата во текот на ова лето. Институтот соопшти дека минатата ноќ во Куовдатмохки температурата се спуштила на минус 0,4 Целзиусови степени.

Скандинавските земји летово се зафатени од невообичаено високи температури за тој регион, што предизвикаа и неколку големи шумски пожари, во прв редк, во Шведска.