Во Нова Каховка започнаа со вклучување на струјата по уривањето на браната

Проруските власти во Новаја Каховка, градот на југоистокот на Украина кој е под контрола на руските сили од почетокот на инвазијата на крајот од февруари 2022 година, започнаа делумно да ја вклучуваат струјата, а следните денови кога водата ќе се повлече од поплавените области ќе започне дезинфекција на почвата и објектите, изјави во средата привремениот проруски гувернер на Херсонската област, Владимир Солдо.

„Земавме примероци од водата и резервоарите и од пумпните станици за канализација, неопходно е да се направи лабораториска анализа за да се утврди дали може да се употребува. Почнавме делумно да ја вклучуваме електричната енергија во Новаја Каховка“, изјави Салдо за руската телевизија.

Како што тврди, по вклучувањето функционирале сите поплавени трафостаници, но доколку има дефекти во самиот град подготвени биле за интервенции тимови од електроинженери.

„Снабдувањето со вода за пиење е организирано од внатрешниот дел од Херсонската област и од северниот дел на (црноморскиот полуостров) Крим. Тоа ќе биде потребно доколку е невозможно да се црпи водата од стандардните базени. Предвидуваме дека во следните два-три дена, со повлекувањето на поголемо количество вода, ќе започнеме со дезинфекција на териториите за да спречиме ширење заразни болести“, вели именуваниот од руските власти гувернер на Херсонската област.

Солдо истакна и потврди дека многу, како домашни така и диви животни угинале поради поплавата, како и дека поради тоа е неопходна дезинфекцијата и анализа на примероците на водата.

 

Главно, заклучува тој, ситуацијата останува и натаму напната, но е под целосна контрола на локалните власти.

Ноќта кон вторникот страдал горниот дел од хидроцентралата Каховка, за што меѓусебно се обвинуваат Москва и Киев, но како што извести руската страна браната не е оштетена. Неконтролираното истекување на акумулацијата доведе до целосно поплавување на најмалку четири поголеми населени места во областа, поради што и руската и украинската страна евакуираа десетици илјади луѓе низводно по течението на реката Дњепар.

И двете страни отворија истраги за кривично дело од областа на предизвикување еколошка катастрофа.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, повторувајќи ги обвинувањата дека браната на акумулацијата Каховка е оштетена по повеќемесечните гранатирања од украинската војска започната минатата есен со цел да ги потопи тамошните руски трупи, вели дека Киев ја преземал оваа акција бидејќи ги ослабел своите единици во Херсон, префрлајќи ги единици од оваа област во зоната каде изведува офанзивни дејствија во регионот Доњецк.