Во новиот ИК на ВМРО-ДПМНЕ влегоа врвен епидемиолог како Марковски, познавачи на финансиите како Димитриеска и Славески

198

Врвни експерти во своите области,омилени кај граѓаните влегоа во Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Најзвучно име е епидемилогот Вело Марковски кој стана омилен кај граѓаните за време на корона кризата кога најреално ги согледуваше работите и тврдеше дека власта не знае да се справи со вирусот што на крај се покажа како точно.

Марковски стана омилен и во соседството и беше баран за интервјуа и на региналните телевизии.Неговото искуство  и совети ќе бидат добредојдени во вториот бран кој сигурно не очекува есенва и на зима.

Друго големо озвежување во ИК на партијата е Гордана Димитриоска Кочоска. Таа беше дополнителен заменик министер за финансии во техничката влада и одлично се снајде во функцијата.

Таа поседува големо знаење во областа на економијата и финансиите и ќе биде голема помош како за партијата така и на лидерот Мицкоски во проектите кои се планираат во следниот период.

Во партиското тело влезе и професорот Трајко Славески со што само се засилува економско-финансискиот тим на ВМРО-ДПМНЕ.

Тука се и Влатко Ѓорчев и Никола Мицевски, докажани оперативци кои добро ги знаат состојбите на терен како и меѓу членството, потоа Драган Ковачки во делот на безбедноста, еден од најдобрите градоначалници на Скопје Коце Трајановски,како и Рашела Мизрахи која СДСМ ја смени од министерка зошто не се сакаше да ја тргне таблата на која стоеше името „Република Македонија’

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.